Случајни сигнали и теорија на информации
Предмет: Случајни сигнали и теорија на информации
Код: ФЕИТ103002
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: положен: Mатематика 1., ислушан: Mатематика 2.
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со својствата на случајните сигнали, нивните автокорелациски функции и спектри и нивниот пренос низ телекомуникациските системи. Поставување на основен статистички модел за основните компоненти при пренос и обработка на информацијата низ телекомуникациски ситем.
Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Случајна променлива: дефиниција, моменти, основни типови на распределби. Случајни вектори: основни поими, моменти, функции од случајни вектори. Елементарно тестирање на хипотези: Бајес, Минимакс, Нејман-Пирсон. Случајни сигнали. Стационарност и ергодичност на случајни сигнали. Автокорелациска функција и спектрална густина на моќност. Пренос на случаен сигнал низ линеарен систем. Гаусов сигнал. Поасонов сигнал. Случаен шум. Термички шум. Ентропија, релативна ентропија и трансинформација. Извори на информации без и со меморија. Ентропија на Маркови извори. Ентрописко (статистичко) кодирање. Капацитет на дискретен канал без меморија и теорема на ентрописко кодирање. Гаусов канал. Капацитет на Гаусов канал.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Татјана Улчар-Ставрова |
Теорија на информации
|
ФЕИТ -Скопје |
1995 |
2 |
|
Збирка решени задачи |
Интерна скрипта |
|