Лични алати
Пријави се

Системи за навигација

Предмет: Системи за навигација

Код: ФЕИТ10З018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: Основи на телекомуникации

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со принципот на работа на современите системи за навигација. Кандидатите ќе бидат оспособени за анализа и дизајн на навигациски системи.

Методи на учење: Интерактивни предавања и вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Историски преглед на системите за навигација. Дефинирање на основни поими во навигацијата. Математички основи потребни во навигацијата. Простирање на радио брановите. Површински бранови. Влијание на тропосферата и јоносферата при простирањето на радио брановите. Принципи на одредување на позиција, став и брзина. Мерки за точност на одредените параметри. Мапи и координатни системи во навигацијата. Земска навигација. Принципи на работа на системи со еден извор. Просторно базирани навигациски системи. Хиперболични навигациски системи Loran, Decca, Omega. Системи за наведување на летала  VOR, DME, ILS, MLS. Принципи на сателитска навигација. Опис на некои системи за сателитска навигација Transit, NAVSTAR/GPS, GLONAS. Дополнителни системи за подобрување на перформансите на основните системи за сателитска навигација. Диференцијален – GPS. Концепт на повеќе референтни станици. Навигација базирана на слики. Инертна навигација. Користење на инертни сензори. Сензори за мерење на забрзување и ротација. Интеграција на системите за сателитска навигација (GNSS) и инертните системи за навигација. Примена на системите за навигација во секојдневниот живот.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Borje Forssell

Radionavigation Systems (GNSS Technology and Applications)

Artech House

2008

2

B. Hofmann-Wellenhof

Navigation, principles of positioning and guidance

Springer

2003

3

Scott Gleason and Demoz Gebre-Egziabher

GNSS Applications and Methods

Artech House

2009

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Scott Gleason and Demoz Gebre-Egziabher

GNSS Applications and Methods

Artech House

2009

2

 

Интерна скрипта по предметот од предметниот наставник

 

 

3

 

Статии од стручни и научни списанија