Системи за менаџмент на квалитет и регулатива во електроенергетиката
Предмет: Системи за менаџмент на квалитет и регулатива во електроенергетиката
Код: ФЕИТ04З010
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Електрични централи и разводни постројки
Предуслов за запишување на преметот: Ислушан: Mенаџмент и инженерска економика
Цели на предмететната програма (компетенции) : Организиран и научен пристап на изучување на системите за менаџмент на квалитетот во компаниете чија основна дејност е инженеринг. Проучување на методите и техниките за планирање, обезбедување и контрола на квалитетот. Запознавање со регулативата во електроенергетиката и методите за воспоставување на системи за менаџмент на квалитет во компаниите од електроенергетскиот сектор.
Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби, запознавање со веќе востановени системи на менаџмент на квалитет во ЕЕ, стручни предавања од практиката.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Дефиниција на квалитет на производи и услуги од областа на електроенергетиката. Квалитетот како проектен параметар. Бизнис аспекти на квалитетот. Демингов PDCA циклус и негова примена. Планирање, обезбедување и контрола на квалитетот. Модели за менаџмент на квалитет TQM, Six Sigma, ZDМ. Статистичка контрола на квалитетот. Алатки и концепти за обезбедување на квалитет Меѓународни стандарди за квалитет (ISO), основни принципи, структура и нивна примена. Регулатива во ЕУ и Р. Македонија од областа на енергетиката. Компаративна споредба. Акти за либерализација на пазарот на електрична енергија. Мрежни правила. Закон за енергетика на Р. Македонија. IEEE и IEC стандарди од областа на електроенергетиката. Обезбедување квалитет и доверлива работа на ЕЕС. Регулатива за проектирање, ревизија и надзор на електроенергетски објекти во Р. Македонија.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
D. Hoyle |
Quality Management Essential |
Elsevier |
2007 |
2 |
Службен весник на РМ |
Законска регулатива во областа на енергетиката Закон за енергетика, за енергетска ефикасност... |
ЈП Службен весник на РМ |
2000-2011 |
3 |
VenJuan Lee |
Risk assesments in Power Systems |
Проект на Влада на РМ |
2009 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
M. Djuric |
Upravljanje kvalitetom |
ICIM – Krusevac |
2001 |
2 |
J. Oakland |
Statistical Proces Control |
Butterwort-Heineman |
2003 |