Системи за дигитално процесирање на сигнали
Предмет: Системи за дигитално процесирање на сигнали
Код: ФЕИТ05Л021
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: Основи на дигитално процесирање на сигнали
Цели на предмететната програма (компетенции) : Курсот има за цел да воведе во напредните концепти кои се важни за разбирање на современите методи користени во многу DSP апликации.По завршување на курсот судентите ќе бидат оспособени:
- да избираат соодветна структура за реализација на дигиталниот филтер врз основа на изградени критериуми
- да ги антиципираат сите последици (грешки) поради квантизирање на коефициентите на дизајнираниот филтер, поради квантизирање на влезниот сигнал како и внатрешните променливи и да нудат соодветни решенија
- да покажат интуитивно разбирање и оспособеност за решавање на практични проблеми каде процесирањето се врши со различни брзини (мултирезолуција).
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби и проектна задала.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Филтерски структури (базични градбени блокови, основни структури за реализација на FIR и IIR филтри, структури за реализација на сепропусни филтри, реализација базирана на екстракција на множачи, реализација базирана на структури-решетки, Gray-Markel-ов метод). Ефекти од квантизација и осетливост (бинарна аритметика, грешки од квантизација, пречекорување, осетливост, ефекти од квантизација на влезниот сигнал и на внатрешните променливи, гранични циклуси)Мултирезолуциска анализа и банки на филтри (Фуриеова трансформација со прозорци, Wavelet трансформација, мултирезолуција и банки на филтри, QMF банка, банка за совршена реконструкција, биортогонална банка).
Литература:
Литература |
||||
. Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Mitra Sanjit K. |
Digital Signal Processing:A Computer-Based approach, 2 edition |
McGraw Hill |
2001 |
2 |
P. P. Vajdijanatan |
Multirate Systems and Filter Banks |
Prentice Hall |
1993 |
3 |
С. Богданова |
Системи за дигитално процесирање на сигнали, Белешки од предавања |
|
|