Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Симулациски методи во телекомуникации

Симулациски методи во телекомуникации

Предмет: Симулациски методи во телекомуникации

Код: ФЕИТ10З017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: Положени: Случајни сигнали и теорија на информации, Ислушани: Основи на телекомуникации

Цели на предметната програма (компетенции) : Запознавање со техниките, методите и моделите за симулација на телекомуникациските системи (Употреба на симулација во дизајнот и анализата на перформанси на телекомуникациски системи)

Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, самостојна работа, изработка на семинарски, посета на телекомуникациски компании, гости - предавачи од индустријата

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Значење на симулацијата. Употреба на симулација за дизајн и определување перформанси на ТК системите. Методи за моделирање и симулација. Извори на грешки при симулација. Претстава на сигналите и системите при симулација. Моделирање и симулација на линеарни системи. Линеарна и полиномна интерполација. Земање примероци и квантизација на стационарни случајни процеси. Генератори на случајни броеви. Алгоритми за генерирање на униформни случајни низи. Методи за генерирање случајни низи со зададена распределба. Генератори на Гаусов шум. Монте Карло симулација. Квази-аналитичка Монте Карло симулација. Оценка на излезни параметри од симулацијата. Квалитет на оценувач. Точкаста оценка на параметри. Интервал на доверба. Оценка на функција на распределба. Хистограм. Оценка на спектрална густина на средна моќност. Периодограм. Оценка на однос сигнал-шум. Монте Карло оценувач. Симулација на едноставни ТК системи и нивните составни елементи: извор на информација, канално кодирање, модулатор, комуникациски канал, приемен филтер, демодулатор, детектор.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

З. Хаџи-Велков

Симулациски методи во телекомуникации

Интерна скрипта

2008

2

М. C. Jeruchin, P. Balaban, K.S. Shanmugan

Simulation of communication systems

Kluwer Academic/Plenum Publishers

2000

3

W. H. Tratner, K. S. Shanmugan, T. S. Rappaport, K. Kosbar

Principles of communication systems simulation with wireless applications

Prentice Hall

2004