Сигнализациски протоколи
Предмет: Сигнализациски протоколи
Код: ФЕИТ10З035
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: положени: телекомуникациски мрежи, ислушани: безжични и мобилни мрежи
Цели на предметната програма (компетенции) : Длабоко познавање на сигнализациските механизми во телекомуникациските мрежи и релевантните сигнализациски протоколи во употреба денес. Анализа на релевантните сигнализациски архитектури за телекомуникациски мрежи (јазли, начин на работа, сервисна поддршка). Планирање и димензионирање на сигнализациски решенија во зависност од кориснички потреби.
Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, посета на релевантни телекомуникациски компании, поканети предавања на експерти од телекомуникациската индустрија
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед во сигнализација. Сигнализација кај конкретни мрежни решенија (PSTN, ISDN, GSM, IP во жичани мрежи, целуларни мрежи). Основни поими кај SS7 (дефиниции, побарувања, функционална структура, MTP, SCCP, кориснички делови, предности и недостатоци, TCAP, примена во целуларни системи). Сигнализација во интелигентни мрежи. Управување со мобилноста. Поим за MAP. Поим за SIP и IMS. Транспорт на постоечка сигнализација преку IP. Поим за SIGTRAN и SIGTRAN архитектура. Меѓумрежно поврзување на сигнализациски системи.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
L. Harte, R. Dreher, D. Bowler, T. Beninger |
Introduction to SS7: SSP, SCP, STP, and SS7 Protocol Layers Operations |
Althos |
2004 |
2 |
K. Roebuck |
IMS - IP Multimedia Subsystem: High-impact Strategies - What You Need to Know: Definitions, Adoptions, Impact, Benefits, Maturity, Vendors |
Tebbo |
2011 |