Лични алати
Пријави се

Сигнали и системи

Предмет: Сигнали и системи

Код: ФЕИТ05Л008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предметната програма (компетенции) : Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните концепти и математички алатки за процесирање на сигнали и анализа на системи. По звршување на курсот студентот е оспособен - да стекне претстава за основните концепти поврзани со процесирање на сигналите како што се: конволуција, фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, филтрирање, преносна функција. - да анализира модели на LTI системи во временски и фреквенциски домен - да користи и одбира соодветни алатки за решавање на конкретни модели

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски вежби; сето тоа реализирано во електронско опкружување.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Сигнали. Системи со посебен осврт на LTI системи. Основни елементи за реализација на LTI системи. Процесирање во оригинален домен. Процесирање на периодични сигнали: Фуриеов ред на аналогни и дискретни сигнали (CTFS и DTFS). Процесирање на апериодични сигнали. Фуриеова трансформација на аналогни и дискретни сигнали (CTFT и DTFT). Kарактеризирање на LTI системите во временски и фреквенциски домен (фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, поим за филтрирање, дијаграми на Bode); Дискретизација на аналогни сигнали. Анализа на LTI системи со Лапласова трансформација;

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. Oppenheim,

A. Willsky,

S. H. Nawab

Signals and Systems, 2 edition

Prentice-Hall

1997

2

S.Haykin,

B. Van Veen

Signals and Systems

John Wiley & Sons

2002

3

С. Богданова

Сигнали и системи, белешки од предавања