Сензори, кондиционери и уреди за аквизиција
Предмет: Сензори, кондиционери и уреди за аквизиција
Код: ФЕИТ053026
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+2+0
Институт: Електроника
Предуслов за запишување на предметот: Електроника1 или Електроника
Цели на предметната програма (компетенции) : Познава гама на сензори од практиката. Проценува перформанси и врши избор на кондиционер според каталошки податоци. Умее да проектира едноставни кондиционери и интелигентни сензори. Разбира значење на стандарди.
Методи на учење: Предавања со решавање примери, лабораториски вежби, семинарски задачи/проекти
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед во сензорски базирани системи, карактеристики, микроелектронски сензори; отпорнички базирани сензори и кондиционери, капацитивно и индуктивно базирани сензори и кондиционери; пречки, шумови и заштита; активни сензори; специјални засилувачи и засилувачи со високи перформанси; дигитални и интелигентни сензори; полупроводнички сензори; А/Д конвертори; сензорски системи и уреди за аквизиција, стандарди, пример на аквизиција со ПЛК
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Ramon P. Areny |
Sensors and signal conditioning |
John Wiley and Sons |
2001 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
D. H. Sheingold |
Transducer Interfacing Handbook |
Analog Devices |
1980 |
2 |
Randy Frank |
Understanding Smart Sensors |
Arcteh |
2000 |
3 |
Разни автори |
Каталози, Application notes |
Интернет страни |
тековна |