Лични алати
Пријави се

Роботика 1

Предмет: Роботика 1

Код: ФЕИТ01Л004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Оспособеност за градба на едноставни роботски системи

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед во роботиката: историски развој, компоненти на роботите, класификација и примери на роботи. Конструкција и карактеристики на основните компоненти на робот. Кординатни системи и трансформација на координатите. Кинематика на робот: кинематика на ротационо движење, Ојлерови агли, Ојлерови параметри, кватерниони; директна кинематика, Денавит-Хартенбергова нотација, трансформација помеѓу два соседни координатни системи; инверзна кинематика. Динамика на робот: сили и моменти, динамика на транслаторно движење на круто тело, динамика на ротационо движење на круто тело, Њутн-Ојлерови равенки на робот, Лагранжова динамика на робот. Управување на робот: концепти на отворен и затворен систем на управување, основни управувачки структури, актуатори и сензори во роботските системи на управување. Моделирање и симулација на роботи со помош на МАТЛАБ/СИМУЛИНК и други програмски пакети.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Saeed B. Niku

Introduction to robotics: analysis, systems, applications

Prentice-Hall, NJ

2011

2

M. W. Spong, S. Hutchinson, M. Vidyasagar

Modelling and Control of Robot Manipulators

Wiley

2005

3

Џон Џ. Крег

Вовед во роботика: Механика и контрола, (Трето издание - превод од англиски на македонски јазик)*

АД ВЕРБУМ, Скопје

2010

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Mark W. Spong, M. Vidyasagar

Robot Dynamics and Control

Wiley

1989

* дел од програмата на Владата на Република Македонија за преведување на 500 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Европската Унија, организирано од страна на Министерството за информатичко општество)