Релејна заштита
Предмет: Релејна заштита
Код: ФЕИТ04Л012
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+2+0+0
Институт: Електрични централи и разводни постројки
Предуслов за запишување на преметот: Ислушани:Основи на електроенергетика*
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање за грешките што се случуваат во ЕЕС, како и начините за заштита на поедините елементи од електроенергетскиот систем. Изучување на различни системи на релејната заштита. Можности за решавање на проблеми од оперативно работење на електроенергетски постројки и начини на решавање на релејната заштита во постројките.
Методи на учење: Предавања и вежби предвидени за предметот и дополнителна литература
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Статистичка обработка на податоци на мерните величини за потребите на релејната заштита. Запознавање со видови на релеи. Добивање на мерни величини. Поврзување на релеите за испитување и мерење. Карактеристики на струјни и напонски мерни трансформатори. Испитување на карактеристиките на примарно реле за прекуструјна заштита. Шеми на поврзување на филтри за добивање на потребните мерни величини во релејната заштита. Испитување на карактеристиките на прекуструјно реле. Прекуструјна заштита со зависна и независна карактеристика. Усмерени релеи. Диференцијална заштита, подолжна и попречна. Диференцијална заштита на енергетски трансформатори со и без меѓутрансформатори. Запознавање со софтверски пакети за симулација на релејна заштита. Дистантна заштита на водови. Симулација на разни типови релеи. Дистантна заштита на водови. Симулација на диференцијална заштита и дистантна заштита. Заштита на генератори. Симулација на заштита на генератор. Заштита на енергетски трансформатори. Симулација на диференцијална заштита на енергетски трансформатор. Заштита на собирници и заштита на електромотори. Можности за заштита на други елементи од ЕЕС. Современи системи на заштита во електроенергетски мрежи. Запознавање со современите системи на релејна заштита.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Мито Златаноски |
Релејна заштита, интерна скрипта |
|
2010 |
2 |
Ф. Божута |
Автоматски заштитни уреди во ЕЕ постројки |
Сараево |
1987 |
3 |
Д. Бекут |
Релејна заштита |
Нови Сад |
2000 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Hrove Pozar |
Rasklopna potroenja |
Skolska knjiga Zagreb |
1983 |
2 |
|
Electric Engineering Handbook |
CRC Press |
2001 |
3 |
|
Network Protection & Automation Guide |
AREVA |
2005 |
*Предусловот „Ислушани:Основи на електроенергетика“ не се применува за студентите запишани на студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС).