Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 РФ и микробранова електроника

РФ и микробранова електроника

Предмет: РФ и микробранова електроника

Код: ФЕИТ053034

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на предметот: нема

Цели на предметната програма (компетенции) :
- Запознавање so основните услови што ги бара едно РФ коло; запознавање со основните концепти на микробрановите и РФ системи; развивање на способноста за проектирање и имплементација на овие кола.
- Оспособување за користење на микробрановите и радиофреквенциските електронски кола при моделирање и решавање на конкретни проблеми во инженерството.

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), самостојно решавање домашни задачи, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Резонантни кола:- дефиниции, трансформација на импеданции, спрегнати резонантни кола. Филтри: видови филтри (нископропусни, високопропусни, појасни, непропусници на појас), ефект на конечен Q-фактор. Смитов дијаграм и негова примена. Транзистор на радиофреквенции (еквивалентно коло, Y-параметри, Ѕ-параметри). РФ засилувачи на мал сигнал (поларизација, анализа со Ѕ-параметри, анализа со Y-параметри). РФ засилувачи на моќност.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Г. Арсов

РФ и микробранова електроника

http://kursevi.etf.ukim.edu.mk

2007

2

C. Bowick

RF Circuit Design

Newnes

2007

3

Razavi

RF Microelectronics

Prentice Hall

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

R. Ludwig & P. Bretchko

RF Circuit Design: Theory and Application

Prentice Hall

2000