Лични алати
Пријави се

Разводни постројки

Предмет: Разводни постројки

Код: ФЕИТ04З007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+1

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Положени: Mатематика 1, Oснови на електротехника 1, 2 Ислушани: Софтверски алатки во електроенергетика

Цели на предмететната програма (компетенции) : Стекнување стручни знаења за улогата на разводните постројки во ЕЕС, елементите, изведбата и шемите на струјните кругови во разводните постројки. Оспособеност за пресметка на струи на куси врски, механичко и термичко димензионирање на елементите во разводните постројки.

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, анализа на техничка документација и посета на разводни постројки, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на домашни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Типови на разводни постројки. Напони и струи во разводните постројки. Симетрични компоненти и струи на куси врски во разводни постројки. Пресметка на струи меродавни за димензионирање на опремата во разводните постројки: ударна, термичка и расклопна струја на куса врска. Загревање на проводниците во нормален режим на работа. Сили и напрегања во разводни пострјки. Елементи во разводните постројки. Механичко и термичко димензионирање на собирниците. Типови на прекинувачи, гасење на електричен лак. Други елементи на разводните постројки: разделувачи, разделувачи на моќност, струјни мерни трансформатори, напонски мерни трансформатори, одводници на пренапони, изолатори, кабли, пригушници. Шеми на главни струјни кругови во разводните постројки. Шеми на помошни струјни кругови во разводни постројки. Заземјување во разводните постројки. Современи изведби на разводните постројки.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Мито Златаноски

Разводни постројки

(скрипта за интерна употреба)

ФЕИТ – Скопје

2010

2

Ј. Nahman, V. Mijailovic

Visokonaponska postrojenja

BeoPress Stampa – Beograd

2000

3

А. Илиев

Производни и разводни постројки – Збирка

решени задачи

ЕТФ – Скопје

1996

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

H. Pozar

Visokonaponska rasklopna postrojenja

Tehnicka knjiga Zagreb

1995

2

IEEE Transaction on

Power Systems

Одбрани трудови од списанието

IEEE Press – USA

1990-2011

3