Радио и сателитски комуникации
Предмет: Радио и сателитски комуникации
Код: ФЕИТ10Л027
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: Нема.
Цели на предмететната програма (компетенции) : Студентот ќе биде оспособен за планирање и проектирање на фиксни безжични системи и имплементација на стандарди за квалитет. Студентот ќе добие знаења за современите сателитските комуникации и сервиси.
Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, самостојна работа, изработка на семинарски, посета на телекомуникациски компании, гости - предавачи од индустријата.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Историски развој. Составни елементи на врската. Фреквентни опсези за работа. Модел на радио канал. Модели на простирање во затворен и отворен простор. Пресметка на квалитетот на пренос. Споредба со нормите за квалитет од ITU. Диверзити, видови диверзити техники, комбајнери. Дигитални модулациони постапки кај безжичните системи. Пресметка на веројатноста на грешка во присуство на шум и фединг. Влијание на простирањето на брановите врз квалитетот на пренос. Проектирање на фиксни безжични системи точка-точка. Пример за изработка на конкретен проект. Проектирање на системи точка-повеќе точки (системи за локален пристап: WLL - wireless local loop). Сателитски комуникации. Сателитски линкови. Пресметување на моќност и загуби. Системи за повеќекратен пристап (FDMA, TDMA, Aloha, CDMA). VSAT системи. Мобилни сателитски сервиси (GEO и не-GEO). Глобални системи за позиционирање - GPS. Интеграција на сателитски и целуларни системи.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Roger L. Freeman |
Radio System Design for Telecommunications |
John Wiley & Sons |
2007 |
2 |
G.Maral, M.Bousquet, Z.Sun |
Satellite Communications Systems |
John Wiley & Sons |
2009 |
3 |
|
|
|
|
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Борислав Поповски |
Интерна скрипта по радио и сателитски комуникации |
|
2010 |
2 |
|
Статии од научни и стручни списанија |
|
|