Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Производство на електрична енергија

Производство на електрична енергија

Предмет: Производство на електрична енергија

Код: ФЕИТ04З005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+1

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Положени: Математика 1, Физика 1

Цели на предмететната програма (компетенции) : Стекнување стручни знаења за процесите и начините за добивање електрична енергија од термо-електричните и хидроелектричните централи, знаење за основните постројки во склоп на поодделни типови на електрични централи – нивната улога и ефикасност, како начините за поврзување на електричните централи со електроенергетскиот систем.

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, анализа на техничка документација и посета на електричните централи во Р. Македонија, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на домашни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Примарни и трансформирани облици на енергија. Термоелектрични централи. Претставување на термо-динамички процеси во i-s и Т-s дијаграми. Основна технолошка шема и главни елементи на термоцентралите. Енергетски процеси во кондензациони електрични централи, Коефициенти на корисно дејство кај термоцентралите. Методи за подобрување на термичкиот коефициент на полезно дејство. Економична распределба на оптоварување меѓу елементите на ТЕЦ. Помошни постројки во КЕЦ. Типови на хидроцентрали и нивни главни составни компоненти. Енергетски процеси во хидроцентрали. Типови и избор на хидроулична турбина. Дифузор. Хидроуличен удар. Пумпно-акумулациони постројки. Електрични шеми на главни струјни кругови во електричните централи. Структурни шеми и распоред на постројки и опрема во хидроелектрани и термоцентрали. Шеми на сопствени потреби кај електричните централи.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Арсен Арсенов

Проеизводство на електрична енергија

ЕТФ – Скопје

1996

2

Арсен Арсенов

Електричен дел на електрични централи

ЕТФ – Скопје

2003

3

А. Илиев

Производни и разводни постројки – Збирка решени задачи

ЕТФ – Скопје

1996

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

IEEE Transaction on Power Systems

Одбрани трудови од списанието

IEEE Press – USA

1990-2011

2

А. Wood,

B. Wolenberd

Power Generation, Operation and Control

John Willey & Sons

1994

3

H. Pozar

Osnovi energetika 1 I 2

Skolska knjiga

1988