Лични алати
Пријави се

Режими на работа на ЕЕС

Предмет: Режими на работа на ЕЕС

Код: ФЕИТ093018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Преносни електроенергетски системи

Предуслов за запишување на преметот: Положени: Високонапонски мрежи и системи. Ислушани: Анализа на стационарни режими во ЕЕС.

Цели на предмететната програма (компетенции) : Разбирање на принципите на експлоатација на ЕЕС и улогата на одделните генератори во функционирањето на ЕЕС во поглед на тековите на моќност, напонските прилики и преносните можности. Оспособеност за пресметки и студиски анализи во областа на експлоатација на ЕЕС.

Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Функционирање на ЕЕС. Карактеристики на потрошувачката и оптоварувањето во ЕЕС. Дневни дијаграми на оптоварување и нивна апроксимација. Предвидување на годишните потреби од електрична моќност и енергија. Основни карактеристики на изворите на електрична енергија. Улога на централите во ЕЕС во електроенергетскиот биланс: хидро и термоцентали, обновливи извори на енергија. Моделирање на преносни мрежи. Еднонасочен модел.. Врска помеѓу моќностите на гранките и моќностите на генераторите. Оптимална работа на ЕЕС составен од термоцентрали и преносна мрежа моделирана со еднонасочниот модел. Работа на ЕЕС во услови на недоволни производно-преносни капацитети на системот. Интерконекции на ЕЕС. Сигурносни критериуми за работа на преносните мрежи. Дистрибутивни фактори. Генерален проблем на економски диспечинг. Економски диспечинг на термоцентрали – оптимизација со ограничувања. Влијание на преносната мрежа. Решавање на проблеми на оптимални текови на моќност и напонски прилики. FACTS уреди во ЕЕС. Проблем на ангажирање на генератори во електрични централи без и со преносна мрежа (unit commitment problem) – релаксационен метод на Лагранж и генетски алгоритми. Планирање на работата на електрични централи во системи со ограничени резерви на горива. Координација на работата на ЕЕС составен од термо и хидроцентрали. Напонска стабилност во ЕЕС. Примена на алатки во MATLAB за решавање на оптимизациони проблеми од работењето на ЕЕС. Софтверски пакет MATPOWER (open source). Примена на апликативни софтверски пакети (Power World, DIgSILENT, PSS/E). Пробабилистичка симулација на работата на ЕЕС.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Тодоровски

Режими на работа на ЕЕС (интерна скрипта)

ФЕИТ, Скопје

2010

2

A. J. Wood, B.F. Wollenberg

Power Generation, Operation and Control (Second Edition)

John Wiley & Sons

1996

3

J. A. Momoh

Electric Power System Applications of Optimization

Marcel Dekker

2004

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

E. Acha, C. R. Fuerte-Esquivel, H. Ambriz-Perez, C. Angeles-Camacho

FACST Modelling and Simulation in Power Networks

John Wiley & Sons

2004