Проектирање системи на автоматско управување
Предмет: Проектирање системи на автоматско управување
Код: ФЕИТ01Л011
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+2+1+0
Институт: Автоматика и системско инженерство
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Совладување на теоретските и практичните аспекти на класичната синтеза на системите за автоматско управување. Способност за решавање на широк дијапазон теоретски и практични проблеми од областа на класичната синтеза на системите на автоматско управување, оспособеност за проектирање на вакви системи.
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи, аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Оценка на квалитетот на поведението на системите за автоматско управување во преоден и стационарен режим и критериуми за синтеза. Аналитичка синтеза на затворени САУ. Компензатори. Фреквенциска синтеза на затворени линеарни САУ со помош на Најквистовата крива. Фреквенциска синтеза на затворените линеарни системи на автоматско управување преку Бодеовите дијаграми на соодветниот отворен систем. Постапка геометриско место на корени. Синтеза по пат на компензација со помош на постапката геометриско место на корени. Синтеза во просторот на состојби.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Норман С. Нисе |
Системи на автоматско управување (петто издание - превод од англиски на македонски јазик)* |
Датапонс, Скопје |
2013 |
2 |
Richard C. Dorf, Robert H. Bishop |
Modern Control Systems |
Prentice Hall |
2010 |
* дел од проектот на Владата на Република Македонија “Преведување на 1000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ спроведен преку Министерството за образование и наука на Република Македонија)