Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Проектирање и интегрирање на обновливи извори во ЕЕС

Проектирање и интегрирање на обновливи извори во ЕЕС

Предмет: Проектирање и интегрирање на обновливи извори во ЕЕС

Код: ФЕИТ04З020

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Положен: Основи на електротехника 2

Цели на предмететната програма (компетенции) : Основна оспособеност за изработка на проектна документација за системи што користат ОИЕ. Запознавање со начините за обезбедување на финансирање на ОИЕ. Стекнување на познавања за дистрибуираното генерирање на електрична енергија, влијанието на ОИЕ врз ЕЕС и врз животната средина.

Методи на учење: Предавања со презентации, интерактивни предавања, аудиториски и симулациони вежби, изработка и презентација на проектна задача.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Архитектура на мрежи со обновливи извори на енергија. Анализа на исплатливост за градба на ОИЕ. Мерки за поддршка на ОИЕ. Постапка за стекнување на статус на повластен производител. Проектни параметри на мали ХЕЦ. Проектни параметри на ВЕЦ. Проектни параметри на ФВЕЦ. Проектирање на уреди за складирање на енергија. Параметри на квалитет на произведената електрична енергија од ОИЕ. Шеми за приклучување на ОИЕ во ЕЕС (мали ХЕЦ, ветерни електрични централи, фотоволтаични ЕЦ). Влијание на ОИЕ на нивото на струите на куси врски и опремата во приклучните разводни постројки. Распределба на моќности во мрежи со дистрибуирано производство. Изолирана и паралелна работа со ЕЕС на ОИЕ. Регулација на активната моќност и фреквенција кај ОИЕ. Варијација на моќноста кај поодделни типови ОИЕ. Регулација на напон и реактивна моќност кај ОИЕ. Концепт на микромрежи и хибридни енергетски системи. Влијание на ОИЕ врз животната средина.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

L. Freris, D. Infield

Renewable Energy in Power Systems

John Wiley & Sons Ltd.

2008

2

M. H. Bollen, Fainan Hassan

Integration of Distributed Generation in the Power System

John Wiley & Sons Ltd.

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gavin D. J. Harper

Planning and Installing Micro Hydro Systems

DGS/Berlin

2012

2

DGS/Berlin

Planning and Installing Photovoltaic Systems

DGS/Berlin

2008

3

J.F.Manwell

Wind Energy Explained: Theory, Design and Application

John Wiley & Sons Ltd.

2009