Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Принципи за управување со квалитет

Принципи за управување со квалитет

Предмет: Принципи за управување со квалитет

Код: ФЕИТ01Л027

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: Нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со основите и принципите на управување со квалитет, основите на стандардите (пред се на ISO 9001), како и математичките основи за проучување на квалитетот.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Историја и развој на управувањето со квалитет, основни поими за квалитет и системи на квалитет. Стандарди за квалитет ISO9000, менаџмент на квалитет. Основни статистички концепти за анализа на квалитет, дијаграми за управување со квалитет. Контролни графици за атрибути, контролни графици за променливи, специјални контролни графици. Управување со процеси и техники за негово подобрување, експерименти во индустријата, синтеза на робусни системи.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Harrison, M. Wadsworth

Modern Methods for Quality Control and Improvement

John Willy

2003

2

Hoyle, David

ISO 9000 Quality Systems Handbook

Butterworth-Heinemann

2001

3

Allen, T. Theodore

Introduction To Engineering Statistics and Six Sigma

Springer

2006