Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Примена на оперативни системи во телекомуникациите

Примена на оперативни системи во телекомуникациите

Предмет: Примена на оперативни системи во телекомуникациите

Код: ФЕИТ10Л008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Студентот ќе се запознае со оперативните системи кои се користат кај фиксните телекомуникациските уреди како што се телеком централи, комутатори, рутери, базни станици, пристапни точки, како и со оперативните системи кои се својствени за мобилните телекомуникациски уреди.

Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, самостојна работа, изработка на семинарски, посета на телекомуникациски компании, гости - предавачи од индустријата.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Примена и концепти на оперативни системи во телекомуникациите. Оперативни системи и програмски платформи кои се користат кај фиксните и мобилните телекомуникациски уреди. MacOS, Windows, UNIX (Solaris и Linux) – базирани оперативни системи кај фиксните телекомуникациски ентитети (комутатори, рутери, централи, пристапни точки, базни станици, итн.). Оперативни системи кај мобилните телекомуникациски уреди (Windows Mobile, Android OS, Bada, BlackBerry OS, iPhone OS, MeeGo OS, Palm OS, Symbian OS, webOS, итн.). Специјализирани оперативни системи за вгнездени телекомуникациски компоненти. Оперативни системи за апликации во реално време (Real Time Operating Systems – RTOS). Мрежни оперативни системи, сервиси и апликации.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Jose Garrido, Richard Schlesinger, Kenneth E. Hoganson

Principles оf Modern Operating Systems

Jones & Bartlett Learning; 2 edition

2011

2

Kevin Dooley, Ian Brown

Cisco IOS Cookbook

O'Reilly Media; Second Edition edition

2006

3

Arash Habibi Lashkari, Mohammadreza Moradhaseli

Mobile Operating Systems and Programming: Mobile Communications

VDM Verlag Dr. Müller

2011