Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Прекинувачки извори за напојување

Прекинувачки извори за напојување

Предмет: Прекинувачки извори за напојување

Код: ФЕИТ05Л024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на предметот: нема

Цели на предметната програма (компетенции) :
- Запознавање со основните топологии на прекинувачки извори за напојување, нивните принципите на работа и параметри, проектни барања и постапки за нивно проектирање и испитување.
- Оспособување за користење, анализа на работата и проектирање на основните еднонасочни прекинувачки извори за напојување.

Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед: чопер како еднонасочен енергетски преобразувач, управување на конверторите со импулсно ширинска модулација (PWM) , користени апроксимации во стационарен режим на работа. Конвертор снижувач на напон (buck), генеза, филтрирање на излезниот напон, работа во режими со континуирани и дисконтинуирани струи, граница меѓу режимите со континуирани и дисконтинуирани струи, брановитост на излезниот напон. Напонски и струјни стресови на прекинувачките елементи, влијание на реалните карактеристики на елементите и коефициент на полезно дејство. Анализа на останати конвертори без галванска изолација: конвертор повишувач на напон (boost), инвертирачки конвертор (buck-boost), Чук-ов конвертор, SEPIC и ZETA конвертори. Бидирекционални конвертори. Целомостен dc-dc конвертор: работа со униполарана и биполарна PWM. Магнетни кола. Конвертори со галванска изолација: Флајбек, Форвард, push-pull, мостен, полумостен и струјно напојуван конвертор. Управување: методи за напонско и струјно управување. Анализа на стабилноста на конверторите со метода на усреднување во просторот на состојби

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ned Mohan, Tore M. Undeland, William P. Robbins

Power Electronics: Converters, Applications, and Design, 3rd Edition

John Wiley and Sons, Inc.,

2003

2

Abraham I. Pressman

Switching Power Supply Design, 2nd Edition

McGraw-Hill

2004

3

Erickson, Maksimovic

Fundamentals of Power Electronics

Springer

2001

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Raymond S. Ramshaw and D. Schuurman

Pspice Simulation of Power Electronics Circuits: An Introductory Guide

Chapman & Hall

1997