Планирање на погон и градба на ЕЕП
Предмет: Планирање на погон и градба на ЕЕП
Код: ФЕИТ04З021
Неделен фонд на часови: 3+2+0+0
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Институт: Електрични централи и разводни постројки
Предуслов за запишување на преметот: Положени: Основи на електроенергетика
Ислушани: Производство на електрична енергија, Разводни постројки
Цели на предмететната програма (компетенции) : Стекнување стручни знаења за процесот и критериумите за планирање на градба на електроенергетски објекти во зависнот од временскиот хоризонт на планирање. Совладување на методи за внатрешна оптимизација на погонот на хидроелектричните и термоелектричните централи, како и проучување на модели за оптимална работа на електричните централи во сложен електроенергетски системи.
Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, самостојна изработка на домашни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Временска декомпозиција на процесот на планирање. Математички методи во електроенергетиката: нелинеарно програмирање, динамичко програмирање. Енергетски карактеристики на производните капацитети. Погонски карти на електрични централи. Апроксимирани енергетски карактеристики на ТЕЦ и ХЕЦ. Динамичко програмирање. И негова примена за определување на очекувано производство на елек-трична енергија од акумулациони хидроцентрали. Планирање на производството на каскадно поврзани хидроцентрали. Оптимална работа на електричните централи во сложен електроенергетски систем. Инвес-тиции за градба на електроенергетски постројки. Методи за долгорочно планирање, неизвесност, претпоставки, симулации. Методи за определување на очекувано производство и трошоци кај термоелектраните (методи на комбинации на агрегати, метода на еквивалентни криви и метода на кумуланти). Пресметка на параметрите на доверливост ENS (Energy Not Served) и LOLP (Loss of load probability). Карактеристики и барања од ЕЕО во новата дерегулирна околина. Превентивно одржување на електроенер-гетските објекти, планирање на ремонти.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Арсен Арсенов |
Планирање на погон и градба на ЕЦ и РП – скрипта |
ФЕИТ – Скопје |
2009 |
2 |
М. Calovic, D. Saric |
Planiranje elektroenergetski sistema |
BeoPress – Beograd |
20000 |
3 |
Атанас Илиев |
Збирка на решени задачи од планирање на погон и градба на електрични централи |
ЕТФ – Скопје |
2002 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
А. Wood, B. Wolenberg |
Power Generation, Operation and Control |
John Wiley & Sons |
1998 |
2 |
Различни автори |
IEEE Transaction on Power System - Одбрани трудови од списанието |
IEEE Press – USA |
1990-2011 |
3 |
H. Pozar |
Snaga i energija u elektroenergetskim sistemima 1 i 2 |
Zagreb, Informator |
1988 |