Пазари на електрична енергија
Предмет: Пазари на електрична енергија
Код: ФЕИТ09Л015
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Преносни електроенергетски системи
Предуслов за запишување на преметот: Нема
Цели на предмететната програма (компетенции): Стекнување на основни познавања од областа на пазарното стопанисување со електричната енергија (ЕЕ), со посебен акцент на разбирање на конкурентноста во производството и снабдувањето со ЕЕ, како и стопанисувањето со преносната и дистрибутивната мрежа кои се природни монополи. На крајот на овој предмет студентите ќе бидат способни да ги објаснат целите и принципите на пазарно-ориентираното стопанисување со електроенергетскиот систем (ЕЕС), одделните модели на организација на пазарот на ЕЕ, улогата на регулацијата на природните монополи, пристапите за инвестирање во преносниот систем во услови на конкуренција и проблематиката на загушувања, како и основните елементи од националната и легислативата на ЕУ од оваа област.
Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби и консултации, самостојно учење, изработка на семинарски работи и самостојни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед. Зошто е потребна конкуренција?, Историјат: минато, движечки сили на промените, реструктуирање, цели. Политика на електроенергетскиот сектор и законски и организациони модели на конкуренцијата: Монопол, Модел на единствен купувач, Трговија на големо, Трговија на мало. Потреба од уреден пазар на ЕЕ, Типови на пазари на ЕЕ: Директен (спот) пазар; Берза на електрична енергија; Дневен пазар на ЕЕ; Пазар во реално време. Билатерални договори: Договори за период однапред; Договори за во иднина; Опции; Договори за разлика. Пазар на помошни услуги: Помошни услуги; Потреба од помошни услуги; Купување на помошни услуги; Продажба на помошни услуги; Балансирачки механизам. Потреба од регулатива во пазарот на ЕЕ; Регулирани дејности - Преносни и дистрибутивни услуги и оператори на системите; Трошоци во преносните и дистрибутивните компании; Регулаторни пристапи, повраток на инвестициите и одредување на цените на услугите. Трошоци на користење на преносните и дистрибутивните мрежи: Тарифи базирани на просечни трошоци; Тарифи базирани на маргинални трошоци. Преносни услуги и оператор на преносниот систем: Децентрализирано тргување преку преносен систем; Централизирано тргување преку преносен систем; Задушувања. Инвестиции во производството; Инвестиции во преносниот систем. Законска регулатива ЕУ: Директива 2009/72/ЕЦ - Заеднички правила на Внатрешниот пазар на ЕЕ на ЕУ; Регулатива (ЕЦ) бр. 714/2009 - Услови за пристап на мрежите за прекугранични размени на електрична енергија, Директива 2009/28/ЕЦ - Промоција за користење на енергијата од обновливите извори; Директиви од областа на животната средина; Договор за енергетска заедница. Законска регулатива Р.Македонија: Закон за енергетика на РМ и основни подзаконски акти; Структура на пазарот на ЕЕ во РМ; Учесници на пазарот; Институции на пазарот.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
S. Hunt, G. Shuttleworth |
"Competition and Choice in Electricity" |
John Wiley & Sons |
1996 |
2 |
N. Katic, V. Borozan, S. Halilcevic |
“Ekonomija elektroenergetskih sistema” |
CEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-2003 |
2003 |
3 |
S. Stoft |
"Power System Economics - Designing Markets for Elctricity" |
IEEE Press, Wiley-Interscience, A John Wiley & Sons, Inc., Publication |
2002 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
В. Борозан |
Интерни скрипти и презентации |
|
|