Основи на телекомуникации
Предмет: Основи на телекомуникации
Код: ФЕИТ10Л007
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: Положени: Математика 2; Ислушани: Математика 3*
Цели на предметната програма (компетенции) : Запознавање со анализа на сигнали, пренос низ линеарни системи и изобличувања, амплитудна и аглова модулација и демодулација, аналогна во дигитална конверзија, импулсно кодна модулација, бинарна модулација, влијание на термичкиот шум, однос сигнал-шум, појава на грешка при преносот (разбирање на основните комуникациски принципи и техники за пренос на информацијата)
Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, поканети предавања на експерти од телекомуникациската индустрија.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Поим за информација. Основен модел на телекомуникациски систем. Природа и класификација на телекомуникациските сигнали. Периодични сигнали. Фуриев ред. Спектар на периодични сигнали. Апериодични сигнали. Фуриева трансформација. Спектар на апериодични сигнали. Конволуција. Корелација. Парсевалова теорема. Преносна функција и импулсен одѕив на линеарен систем. Линеарни амплитудни изобличувања. Идеален пренос на телекомуникациски сигнали. Изобличувања на сигналите поради рестрикција на спектарот. Амплитудна модулација. Спектар на АМ сигнали. Кохерентна демодулација. Демодулација со детектор на анвелопа. Фазна и фреквентна модулација. Спектар на аглово модулирани сигнали. Демодулација на аглово модулирани сигнали. Случаен шум. Бел Гаусов шум и негови карактеристики. Однос сигнал-шум во ТК системи со амплитудна и аглова модулација. Теорема за земање примероци. Природно и регуларно земање примероци. Рамномерна квантизација. Нерамномерна квантизација. Импулсно-кодна модулација (ИКМ). Пренос на ИКМ сигнали низ системи со ограничен пропустен опсег. Критериум за пренос без изобличување. Појава на интерсимболна интерференција. Поим за дигитална модулација. Бинарно модулирани сигнали (бинарна амплитудна, фреквентна и фазна модулација). Кохерентна и некохерентна детекција на бинарно модулирани сигнали. Веројатност за појава на грешка.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Б. П. Латхи |
Современи дигитални и аналогни комуникациски системи |
Oxford University Press |
1998 |
2 |
J. G. Proakis, M. Salehi |
Communications systems engineering |
Prentice Hall |
2002 |
* Предусловот „Ислушани: Математика 3“ не се применува за студентите запишани на студиската програма