Лични алати
Пријави се

Основи на мерни системи

Предмет: Основи на мерни системи

Код: ФЕИТ03Л005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+1+2+0

Институт: Електрични мерења и електротехнички материјали

Предуслов за запишување на преметот:положени:Основи на електротехника1 Ислушани:Основи на електротехника 2.

Цели на предметната програма (компетенции) : Стекнување на знаења за основните методи за мерење на електрични и неелектрични големини. Запознавање со принципите на функционирање на аналогните и дигиталните мерни инструменти.

Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Основни поими и дефиниции во мерната техника. Статички и динамички карактеристики на мерните уреди. Основи на мерната неодреденост, грешки при индиректни мерења. Основни карактеристики на аналогните и дигиталните мерни инструменти. Сетила и преобразувачи. Класификација на мерни сетила. Запознавање со отпорнички, капацитивни и индуктивни сетила за мерење на различни физички величини. Прилагодување на мерни сигнали и основни конфигурации на мерните кола.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Julian Gardner

Microsensors, Principles and Applications

Wiley

1995

2

Ц. Гавровски

Основи на мерна техника

ФЕИТ

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J.Park, S.Mackay

Data Acquisition for Instrumentation and Control Systems

Elsevier

2003