Основи на мехатронички системи
Предмет: Основи на мехатронички системи
Код: ФЕИТ00Л009
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: Нема
Цели на предмететната програма (компетенции): Запознавање со Мехатрониката како интердисциплинарен и интегриран инженерски пристап при дизајнирањето. Воспоставување основни рамки на знаења од механички структури кои содржат електронски компоненти и се под компјутерски мониторинг и контрола. Компетенции: Подготвен за суштинско согледување на современите инженерски предизвици и насочен кон експериментирање и активно користење на информатичките системи за контрола и управување.
Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед за Мехатроника. Мехатрониката и модерното инженерство. Електромеханички системи. Принципи на аналогија и интеграција помеѓу механичкото движење и промените во електромагнетните системи. Осврт кон инженерските дисциплини кои се интегрираат при мехатроничното дизајнирање: механика, информатика, електроника, автоматика, мерна техника, менаџмент. Мехатронични компоненти: класификација, видови, карактеристики, примена. Анализа и трансформација на сигнали. Мерење на поместување, брзина, вибрации, сила, притисок, торзија, температура. Базични структури на актуатори: пневматски, хидраулични, механички, електрични и електромагнетни актуатори. Електронски мехатронични компоненти. Програмски јазици и компјутерскиот интерфејс. Комјутерски базиран мониторинг и управување. Аквизиција на мерни податоци. Виртуелни инструменти. Системски интерфејс. Дизајнирање елементарен мехатроничен систем: согледување потребите на клиентот, анализа на проблемот, генерирање можни решенија, селекција, детали, симулација, прототип и проектна документација. Составување многу мал мехатроничен систем. Сензори. Претворувачи на притисок (мембрански и пиеезоелектричен). Сензори за допир, светло и растојание. Манипулиарње со серво моторите и степ моторите. Креирање програми во LabView . Користење на MATLAB. Роботска рака. Контолна табла за микроконтролери. Имплементација на С++. Компјутерски управувана количка на тркала.