Основи на електроенергетика
Предмет: Основи на електроенергетика
Код: ФЕИТ04Л003
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+2+0+0
Институт: Електрични централи и разводни постројки
Предуслов за запишување на преметот: Основи на електротехника 1
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со основните принципи во електроенергетиката и начини на добивање на енергија од различни извори. Основни поими за технологиите и средствата на трансформација од еден во друг облик на енергија. Користење на законитостите и начините за добивање на во енергија за решавање и моделирање на посложени задачи од областа на енергетиката, како и подлога за понатамошно совладување на материјалите од предметите на насоката електроенергетика
Методи на учење: Предавања и вежби предвидени за предметот и дополнителна литература.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Класификација на облици на енергија. Примарни облици на енергија. Корисни облици на енергија. Основни поими и единици за мерки на енергија и моќност. Примарни облици на енергија и класификација. Фосилни горива (јаглен, сурова нафта и нејзини деривати, природен гас). Водена маса, нуклеарно гориво, биомаса и неконвенционални извори на енергија. Трансформација на примарни облици во погоден облик на енергија. Трансформација на хемиска енергија во внатрешно калорична енергија.. Размена на топлина и изменувачи на топлина. Прв и втор закон на термодинамика. Повратни и неповратни процеси. Термодинамички системи. Трансформација на нуклеарна енергија во внатрешно калорична енергија. Нуклеарни реакции, реакција на фисија. Основни карактеристики на енергетски нуклеарни реактори и врсти на реакторско гориво..Трансформација на внатрешно термичка во механичка енергија. Трансформација на механичка во електрична енергија. Електромеханичка енергетска трансформација Непосредни трансформации во електрична енергија. Термоелектрична трансформација, фотоелектрична трансформација. Искористување на енергијата, корисни облици на енергија. Енергетски биланси.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Hrvoe Pozar |
Osnovi energetike 1 и 2 |
Skolska knjiga Zagreb |
1991 |
2 |
|
Electric Engineering Handbook |
CRC Press |
2001 |
3 |
Paul Breeze |
Power Generation Technologies |
Elsevier |
2005 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
John R. Fanchi |
Energy: Technology and directions for the future |
Elsevier |
2004 |