Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Основи на дигитално процесирање на сигнали

Основи на дигитално процесирање на сигнали

Предмет: Основи на дигитално процесирање на сигнали

Код: ФЕИТ05З013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на преметот: Сигнали и системи

Цели на предметната програма (компетенции) : Цели на предметната програма (компетенции) Курсот има за цел да обезбеди формално разбирање на основните концепти за дигиталното процесирање на сигнали како и практично искуство за процесирање на дигитални сигнали. По звршување на курсот студентот е оспособен:

- дигитално да процесира аналогни сигнали земајки ги во предвид сите можни последици од нивното дискретизирање
- да користи DFT и нејзиниот брз алгоритам FFT во домен на спектралната анализа свесен за сите последици и пратечки појави
- да дизајнира IIR и FIR дигитални филтри како и да користи софтверски алатки и CAD пакети за дизајнирање или симулирање на дигитални филтри

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби; сето тоа реализирано во електронско опкружување.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: z- трансформација (дефиниција, конвергенција, особини, инверзна). Дискретни системи. Преносна функција. Фреквенциска карактеристика. Дискретни системи екситирани со случајни сигнали. Дискретна Фуриеова трансформација (DFT): дефиниција, својства, брза Фуриеова трансформација (FFT), алгоритми за пресметување на FFT. Конволуции: линеарна, циклична, врска помеѓу нив, филтрирање со FFT, конволуција на долги низи. Спектрална анализа со DFT: спектар на конечна и бесконечна низа, пресметување на низата од спектарот, пресметување на аналогниот сигнал од спектарот. Дигитални филтри: класификација, методи за проектирање на FIR дигитални филтри, методи за проектирање на IIR дигитални филтри.

Литература:

. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Богданов и С. Богданова

Дигитално процесирање на сигнали

ЕТФ Скопје

1998

2

A. Oppenheim, R. Schafer, J. Buck

Discret- Time Signal Processing, 2 edition

Prentice Hall

1999

3

Mitra Sanjit K.

Digital Signal Processing:A Computer-Based approach, 2 еdition

McGraw Hill

2001