Оптимални управувачи и обсервери
Предмет: Оптимални управувачи и обсервери
Код: ФЕИТ013019
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+2+1+0
Институт: Автоматика и системско инженерство
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Една од главните цели е студентите да се запознаат со дизајнирачките методи користејќи ги модерните техники за добивање управувани системи што ги задоволуваат барањата кои се добро развиени во класичната теорија на управување. Целта на овој предмет, исто така, е основните резултати од теоријата на естимација и управување да ги направи достапни на широк сегмент од технолошкото и научното општество. Со тоа студентот станува компетентен за решавање проблеми поврзани со управување на процеси и системи од секаков вид, бидејќи естимацијата е обично прв чекор во имплементирање на управувачки влез, т.е., неопходно е да се изведе процесното поведение пред да може да се примени ефективното управување.
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед во анализа на линеарни системи на управување: формулирање на управувачки проблеми (формулирање на проблеми од следење и регулатор; формулирање проблеми на крајно управување). Пример за позиционен серво систем; управување со позиција како проблем на крајно управување. Управувачи во затворена регулационо-управувачка јамка: основен дизајн и намена; стабилност на системот на управување; Стационарно-состојбена анализа на својствата на проблем при следење. Анализа на преодната состојба при проблем на следење; ефектите од нарушувања, набљудуван шум и неизвесност во параметрите на системот во случај на систем со еден влез и еден излез. Оптимални линеарни системи на управување со повратна врска по состојбите: подобрување во стабилноста на линеарните системи со повратна врска по состојбите; проблем на детерминистички линеарен оптимален регулатор. Решение во просторот на состојби на детерминистички оптимален линеарен регулатор во стационарна состојба. Стохастички линеарен оптимален регулатор и проблеми на следење (регулатори и системи за следење со ненулево нагодување и константни нарушувања, асимптотски својства на временско-инваријантни оптимални закони на управување).
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Huibert Kwakernaak, Raphel Sivan |
Linear Optimal Control Systems |
Wiley-Interscience |
1972 |
2 |
Graham Goodwin, María M. Seron |
Constrained Control and Estimation: An Optimisation Approach (Communications and Control Engineering) |
Springer; Softcover reprint of hardcover |
2010 |
3 |
Frank Lewis |
Applied Optimal Control and Estimation; Digital Design and Implementation |
Prentice Hall; Facsimile edition |
1992 |