Операциони истражувања
Предмет: Операциони истражувања
Код: ФЕИТ01Л022
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+2+1+0
Институт: Автоматика и системско инженерство
Предуслов за запишување на преметот: Нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање на студентите со целите и методите на операциони истражувања и подрачјата на нивната примена. Решавање проблеми поврзани со масовно опслужување, оптимизирање на зададени функции на цел, вршење анализа на проект; менаџмент на економски, финансиски, индустриски и други слични организации, управување и менаџмент во војска и влада.
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Oперационите истражувања; класификација, составување и решавање на математичките модели; симулација и валидирање на моделот. Мрежно планирање и управување со процеси. Примена и анализа на структурата и времето по методата на критичен пат; анализа според PERT (Project Evaluation and Review Technique) и HPM (Harward Project Manager). Методи на линеарно програмирање и статичка оптимизација, симплекс метода, дуална задача на линеарното програмирање, транспортни проблеми, целобројно програмирање, геометриска и матрична интерпретација на моделите. Теорија на игри, минимаксен критериум на Фон Нојман и Алан Тјуринг, седлеста точка на Џон Неш, математичка оптимизација на дилемата на затвореникот, игри со нулта и ненулта сума, некооперативни и кооперативни стратегии, анализа на др¬вото на можности при програмирање на шаховската игра, основи на вештачката интелигенција. Модели на оптимизација на залихи при константна и случајна побарувачка; теорија на масовно опслужување и редови на чекање; теорија на замена со и без дисконтен фактор; оптимизација на редоследи при сериско и комбинирано производство; Монте Карло метода за симулација и проблемот на американското знаме; основи на нелинеарната оптимизација. Метода на Дејвидсон, Флечер и Пауел; предлог на нова метода и апликација кај поедини статички и динамички системи. Изработка на софтверска подршка и документација.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Taha Xamdy A. |
Operations research: An introduction |
Prentice Hall |
2007 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Jovan J. Petrić, Zora R. Petrić |
Operaciona istraživanja u vojsci |
Vojnoizdavački zavod, Beograd |
1974 |