Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Обновливи извори на електрична енергија

Обновливи извори на електрична енергија

Предмет: Обновливи извори на електрична енергија

Код: ФЕИТ04Л013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+1

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Положен: Основи на електротехника 2

Цели на предмететната програма (компетенции) : Стекнување на основни инженерски знаења за процесите на генерирање на енергија кај системите што користат различен вид на обновлива енергија. Запознавање и основно димензионирање на системите што користат ОИЕ. Оспособување за идентификација на исплатлива примена на ОИЕ.

Методи на учење: Предавања со презентации, интерактивни предавања, аудиториски и симулациони вежби, изработка и презентација на проектна задача.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Категоризација на изворите на енергија. Состојба, застапеност и трендови на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Климатски промени. Карактеристики на сончевото зрачење. Системи за конверзија на сончевата енергија во топлина и во електрична енергија. Карактеристики и статистички параметри на енергијата на ветерот. Ветерни турбини и генерирање на електрична енергија. Основни карактеристики на малите хидро-електрани. Системи за искористување на биомасата. Создавање на биогас и негово искористување. Искорис-тување на геотермалната енергија. Искористување на енергијата на брановите и процесите на плима и осека. Системи за акумулирање на енергија. Горивни ќелии. Хибридни системи. Автономни системи. Поврзување на ОИЕ со електроенергетски системи. Мерки за поддршка на ОИЕ. Економска анализа и исплатливост на ОИЕ.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Bent Sorensen

Renewable Energy

Elsevier Science

2004

2

F. Zobaa, R. C. Bansal

Handbook of Renewable Technology

World Scientific Publishing Co. Pte. Ltd

2011

3

L. Freris, D. Infield

Renewable Energy in Power Systems

John Wiley & Sons Ltd.

2008

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gavin D. J. Harper

Planning and Installing Micro Hydro Systems

DGS/Berlin

2012

2

DGS/Berlin

Planning and Installing Photovoltaic Systems

DGS/Berlin

2008

3

J.F.Manwell

Wind Energy Explained: Theory, Design and Application

John Wiley & Sons Ltd.

2009