Нуклеарни електрични централи
Предмет: Нуклеарни електрични централи
Код: ФЕИТ04З008
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+2+0+0
Институт: Електрични централи и разводни постројки
Предуслов за запишување на преметот: Основи на електроенергетика
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање на студентите со технологијата на производство на електрична енергија од нуклеарни централи, како и развојот на нуклеарната енергетика во светот. Можност за споредбени анализи со другите технологии на производство на електрична енергија, вклучување во пресметки за анализи од развојот на изворите во ЕЕС.
Методи на учење: Предавања и вежби предвидени за предметот и дополнителна литература
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Трансформација на нуклеарната енергија во внатрешна калорична енергија . Нуклеарни реакции и реакција на фисија. Карактеристики на нуклеарен реактор, термални енергетски нуклеарни реактори, компоненти на активната зона и нивна функција, нуклеарно гориво Конструктивни карактеристики на реакторските компоненти и нуклеарното гориво .NEC со PWR-реактор. Реакторска зграда - контејмент. Врсти на материјали и нивни карактеристики кои се употребуваат за гориво, разладувач, модератор, конструкции во активната зона, заштита од зрачење и за извлекување на управувачки елементи. Кинетика и динамика на нуклеарен реактор Стационарен и нестационарен режим на работа на реакторот. Моделирање на системите за заштита на нуклеарна централа (активни и пасивни. Пренос на топлина помеѓу горивниот елемент и разладувачот, и просторна распределба на температури во горивниот канал . Карактеристики на парогенераторот, распределба на температури на примарниот и секундарниот медиум. Оптимизација на температурните услови за работа. Принципи на задоволување на сигурност при проектирање и погон на реакор. Систематизација и класификација на грешките. Дози на радијационо зрачење и заштита од радијација во НЕЦ. Изградба на НЕЦ, проблем на лоцирање, ладење, поврзување на ЕЕС и еколошки ефекти. Типови на современи нуклеарни реактори: лесноводни APWR, ABWR и тешководни од типот CANDU Развој на новите технологии на реактори ладени со гас.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
D. Feretic |
Uvod u nuklearnu energetiku |
Skolska knjiga Zagreb |
2001 |
2 |
Feretic, Cavlina, Derecin |
Nuklearne elektrane |
Skolska knjiga Zagreb |
2001 |
3 |
Glasstone, A. Sesonske |
Nuclear Reactor Engineering |
Van Nostrand Reinhold Company |
1983 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
R. L. Murray |
Nuclear Energy |
North Carolina |
2000 |