Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Нелинеарни системи на управување

Нелинеарни системи на управување

Предмет: Нелинеарни системи на управување

Код: ФЕИТ01Л010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Да се запознаат студентите со нелинеарните динамички системи, нивно претставување и моделирање, со методите за анализа на динамичкото поведение и испитување на стабилноста на рамнотежна состојба. решавање проблеми на управување на системи од нелинеарна природа, со комплетна оспособеност за самостојно вршење анализа на истите и делумна оспособеност, со користење на додатна литература, за синтеза на определен тип на нелинеарни системи. Оспособен ќе биде како за работа на проекти од научно-истражувачки карактер, исто така и за проблеми и проекти од индустријата.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Генерални концепти на нелинеарната динамика. Фазен простор, фазна рамнина и простор на состојбите. Топологија на фазната рамнина. Аналитички и графо-аналитички постапки. Техника на изоклини. Сингуларни точки и карактеристични траектории кај нелинеарните системи од втор ред. Феноменолошки појави. Повеќекратни гранични кругови. Резонантен скок. Бифуркација и хаос. Фазни портрети на нелинеарните САУ од втор ред со типични нелинеарности. Метода на хармониска линеаризација. Алгебарски постапки за определување периодични решенија во фреквенциската област и нивната стабилност. Теорија за стабилност на Љапунов.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Георги Димировски

Предавање по нелинеарно автоматско управување

ЕТФ

1975

2

С. Станковиќ и Р. Томовиќ

“Нелинерни системи аутоматског управљања”

Универзитет у Београду, Београд

1983

3

Jean-Jacques Slotine, Weiping Li

Applied Nonlinear Control

Prentice Hall

1991

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

 

J.M.T. Thompso, H.B. Stewart

“Nonlinear Dynamics and Chaos”

John Wiley and Sons Ltd.

1986