Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Надземни и кабелски водови

Надземни и кабелски водови

Предмет: Надземни и кабелски водови

Код: ФЕИТ093001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Преносни електроенергетски системи

Предуслов за запишување на преметот: Положени: Математика 1, Физика 1 , Ислушани: Математика 2, Основи на електротехника 1 и 2

Цели на предмететната програма (компетенции): Стекнување знаења и познавања од областа избор, димензионирање и проектирање на надземните и кабелс-ките елктроенегретски водови. Се изучуваат конструкцијата, изведбата и основите за проектирање на надзем-ни водови како и избор, димензионирање и проверка на оптовареност на кабелските водови.

Методи на учење: Теоретска настава, аудиториска настава, проектна задача и изработка на домашни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед. Област на изучување. Основни поими. Елементи на надземните водови (НВ): (спроводници и јажиња, изолатори, столбови, заземјување), нивна намена и карактеристики. Механичка пресметка: влијание на кли-матските фактори, температура, ветер, зимски додатни товари. Синџирница и парабола. провес, напрегање, сили. Равенка на состојбата и нејзино решавање. Критичен распон, критична температура, граничен распон, идеален распон. Основни димензии на столбовите: сигурносни растојанија, височини и оддалечености, премини и приближувања, заштитна зона. Заземјување на столбовите, типски заземјувачи. Атмосферски пренапони и заштита од нив. Проектирање и градба на надземните водови – општи принципи, избор на траса, дозволени распони, предзатегање, монтажни табели, шаблони. Компјутерски поддржано проектирање. Енергетски кабли: конструкција: улога, поделба, означување, загревање и ладење на каблите. Избор на тип и пресек – критериуми. Положување, спојување, завршување. Експлоатација. Нови трендови и нови технологии во кабелската техника.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ристо Ачковски

Надземни и кабелски водови

ЕТФ-Скопје

1995

2

Ристо Ачковски

Збирка задачи по надземни и кабелски водови

ЕТФ-Скопје

1995

3

Ристо Ачковски

Компјутерска програма и упатство за проекти­рање на надземни водови

ЕТФ-Скопје

2005