Мултимедиски системи
Предмет: Мултимедиски системи
Код: ФЕИТ05Л035
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предметната програма (компетенции) :
- Запознавање со основните пронципи на работа и технологиите на кои се засновани мултимедиските системи;
- стекнување со основни знаења за барањата поставени пред современите мултимедиски системи и проблемите поврзани со нивното имплементирање;
- оспособување за согледување на проблемите во дизајнирањето на мултимедијални системи и да се стекнат со способност за надополнување на своите знаења во правец на совладување на согледаните проблеми.
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час,проектни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Воведни поими од мултимедиски системи, историски развој. Основни поими од компјутерска графика. Основни поими од дигитална обработка на звук: компресија на звук. Основни поими од обработка на слика и видео: анализа и сегментација на слика, кодирање на слика и видео. Тек на мултимедијални податоци (мултимедијални сервери, синхронизација), Квалитет на услуга (QoS за IP протоколи), Media-on-Demand (емитување на video-on-demand, интерактивна телевизија). Пребарување по содржина во дигитални библиотеки: Пребарување на мултимедијални податоци: звук, музика, графика, слика и видео. Принципи на бази на слики и видео-бази (пребарување на слики и видео, квантификација на резултатите), MPEG-7. Напредни мултимедијални техники: Алгоритми за препознавање на звук, слики, видео, контекст и дејствија.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Ralf Steinmetz, Кlara Nahrstedt |
MULTIMEDIA SYSTEMS |
Springer-Verlag |
2004 |
2 |
Ralf Steinmetz, Кlara Nahrstedt |
MULTIMEDIA APPLICATIONS |
Springer-Verlag |
2004 |