Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Моделирање, идентификација и симулација

Моделирање, идентификација и симулација

Предмет: Моделирање, идентификација и симулација

Код: ФЕИТ013007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+1+2+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Совладување на теоријата и праксата на моделирање, симулација и идентификација на динамичките системи Способност за решавање со помош на класичните методи на многу широк опсег практични задачи и проблеми од областа на моделирањето на динамички системи без оглед на нивната природа; способност за користење на готови програмски пакети за симулација на истите системи

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Моделирање: увод, постапки за градба на модели, математички модели. Моделирање на “црна кутија”. Претставување во временски домен. Претставување во фреквентен домен: фреквентна преносна функција, спектар на сигналите, трансформација на спектрите. Идентификација. Идентификација во фреквентно подрачје. Параметарска идентификација. Метод на најмали грешки. Одредување рекурентен параметарски модел. Идентификацијата во пракса. Избор на структурата на моделот. Симулација. Програмскиот пакет МАТЛАБ и неговите придружни пакети за идентификација и симулација на динамички системи, програмскиот пакет МАТЕМАТИКА и неговиот специјализиран пакет за автоматско управување. Нумеричко решавање диференцијални равенки. Примена.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Rolf Isserman, Marco Munchhof

Identification of Dynamic Systems: An Introduction with Applications

Springer

2010

2

Lennart Ljung, Torkel Glad

Modeling of Dynamical Systems

Prentice-Hall

1994

3

Елизабета Лазаревска

Моделирање, симулација и идентификација на динамички системи

 

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

P. P. J. van den Bosch, A. C. van der Klauw

Modeling Identification and Simulation of Dynamical System

CRC-Press

1994