Лични алати
Пријави се

Мобилна роботика

Предмет: Мобилна роботика

Код: ФЕИТ01Л026

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: Нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Цел Запознавање со основите неопходни за проектирање и развој на мобилни роботи; обид за обединување на физиката, динамиката, електрониката, обработката на сигнали, теоријата на автоматско управување, планирањето на траекторија, програмирањето во реално време и другите хардверски и софтверски аспекти при дизајнот на мобилни роботи.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед во мобилна роботика, поими, дефиниции, развој и примена на мобилни роботи. Динамички модел на мобилни роботи. Хардверски елементи за реализација на мобилни роботи – сензори, актуатори, управувачки елементи и мехатронички системи. Обработка и интерпретација на информациите од сензорите. Фузија на информациите од различни сензори. Структура на системите на управување и навигација на мобилните роботи. Алгоритми и методи за управување и навигација на мобилните роботи. Вовед во самоучење на мобилните роботи и техники за интеракција помеѓу човек и робот. Основи на алгоритми за координација на повеѓе автономни роботи.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Roland Siegwart

Introduction to Autonomous Mobile Robots

MIT Press

2004

2

Robin R. Murphy

Introduction to AI Robotics

MIT Press

2000