Микромрежи
Предмет: Микромрежи
Код: ФЕИТ093020
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+2+0+0
Институт: Преносни електроенергетски системи
Предуслов за запишување на преметот: Дистрибутивни системи (слушан)
Цели на предмететната програма (компетенции): Стекнување на основни познавања за принципот на работа на микромрежите, нивните карактеристики, режимите на работа и нивното техно-економско влијание врз електроенергетските мрежи. По завршувањето на курсот, студентите ќе бидат оспособени да ги препознаат предностите и недостатоците кои произлегуваат од интегрирањето на микромрежите во електроенергетските системи, како и да решаваат едноставни проблеми поврзани со распределба на моќности и куси врски во микромрежите.
Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби и консултации, самостојно учење, изработка на семинарски работи и самостојни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед. Дисперзирано производство (ДП) во електрични мрежи: причини за приклучување, преглед актуелните состојби во Европа, главни проблеми кои произлегуваат од приклучувањето на дисперзираните единици во дистрибутивните мрежи. Технички влијанија на ДП врз дистрибутивните системи: промена на напонски профил, моќност на куси врски, квалитет на електрична енергија, стабилност, режим на работа. Влијание на ДП врз преносните електроенергетски системи. Разлики меѓу електроенергетските мрежи со конвенционални електрични централи и електрични мрежи со ДП. Мрежни аспекти на ДП: распределба на моќности, врска меѓу распределбата на моќности и напоните во мрежата, решавање на равенки за распределба на моќности, куси врски и стабилност, доверливост. Концепт на микромрежи: врска со ДП, причини за развој на концептот, предизвици и очекувани проблеми во развојот и примената на концептот. Типични конфигурации на микромрежи, основни карактеристики, меѓусебно поврзување на повеќе микромрежи. Влијание на микромрежите врз електроенергетските системи. Режими на работа на микромрежите во рамки на дистрибутивните системи. Островски режим на работа. Примена на DMS во микромрежите. Примена на централизиран пристап за контрола и управување на микромрежите - функции на централен контролер. Примена на дистрибуиран пристап за контрола на микромрежи. Примена на комуникациски стандарди и протоколи во микромрежите. Основни уреди и компоненти. Примена на SCADA во микромрежи. Основни компоненти и карактеристики. Централизирани и дистрибурани системи. Економски аспекти на микромрежите. Разлики меѓу микромрежите и конвенционалните електроенергетски мрежи од економски аспект.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
S. Chowdhury, S.P. Chowdhury, P. Crossley |
Microgrids and Active Distribution Networks |
The Institution of Engineering and Technology, ISBN 978-1-84919-014-5 |
2009 |
2 |
N. Jenkins, R. Allan, P. Crossley, D. Kirschen, G. Strbac |
Embedded Generation |
The Institution of Engineering and Technology, ISBN 978-0-85296-774-4 |
2006 |
3 |
M. H. J. Bollen |
The Smart Grid: Adapting the Power System to New Challenges |
Morgan & Claypool Publishers Series – Synthesis Lectures on Power Electronics, Lecture #3, ISBN 9781608458172 |
2011 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
В. Борозан |
Интерни скрипти и презентации |
|
|