Лични алати
Пријави се

Микроконтролери

Предмет: Микроконтролери

Код: ФЕИТ053028

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+2+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на преметот:

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со внатрешната архитектура на 8-битните микроконтролери, нивниот инструкциски сет, користењето на интерапти, како и вградените периферни уреди. Стекнати знаења и способност за проектирање на вградливи микрокомпјутерски системи со 8-битни микроконтролери.

Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед, примена на микроконтролерите, фамилии микроконтролери, критериуми за селекција. Внатрешна архитектура на микроконтролерите: ALU, Harvard и von-Neumann архитектури,  мемориски адресен простор, формат на инструкции, различни микроконтролерски архитектури. Архитектура на фамилијата PICmicro: основно јадро, програмска меморија, податочна меморија, I/O регистри, хардверски регистри, регистри со специјална намена, програмски бројач и стек. Видови адресирање, извршување на инструкциите, инструкциски циклус, проточна обработка. Програмски јазик асемблер. Сет на инструкции на mid-range PICmicro: инструкции за запишување и преместување податоци, за условна промена на текот на програмата, контролни инструкции. Видови интерапти и нивна примена. Хардверски карактеристики: I/O порти, надворешен и внатрешен осцилатор, видови ресет и кола за ресетирање, конфигурационен збор. Вградени периферни уреди: бројачи и тајмери, запишување и исчитување од EEPROM и програмската меморија, A/D конвертор, коло за референтен напон, CCP модули, аналогни компаратори, модули за сериска комуникација. Програмирање на микроконтролери со програмскиот јазик C.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Myke Predko

Programing and Customizing PICmicro Microcontrollers, 3rd ed.

McGraw Hill

2008

2

Tim Wilmshurst

Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers, Principles and applications, 2nd edition

Elsevier

2007

3

Sid Katzen

The Quintessential PIC Microcontroller, 2nd edition

Springer

2005

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. Sanchez, M. P. Canton

Microcontroller Programing: The Microchip PIC

CRC Press

2007

2

Milan Verle

PIC Microcontroelri

MikroElektronika

2008

3

Microchip

Mid-Range Ref. Manual  (33023a.pdf)

Microchip

2010