Логички кола и дискретни автомати
Предмет: Логички кола и дискретни автомати
Код: ФЕИТ07З005
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+2+1+0
Институт: Компјутерска техника и информатика
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предметната програма (компетенции) : Запознавање со основните постапки и закони за анализа и проектирање на логички кола и логички мрежи. Запознавање на дигиталните електронски компоненти и постапките за нивна анализа. Проектирање на дигитални електронски компоненти. Компетенции: Анализа и проектирање на логички кола и мрежи. Употреба на постапките за проектирање на дигитални електронски компоненти.
Методи на учење: Лабораториски вежби, практична работа и настава
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Бројни системи и претставување на цифри и броеви. Основи на Булова и прекинувачка алгебра. Логички променливи, изрази и функции. Приказ на логички функции и универзални множества. Анализа на логички функции. Синтеза на логички функции. Комбинациони логички мрежи. Методи за минимизација на комбинациони мрежи. Асинхрони секвенцијални компоненти. Синхрони секвенцијални компоненти. Секвенцијални логички мрежи, Мурова и Милиева секвенцијална мрежа. Претставување на секвенцијални мрежи, табела на премин на состојби и излези, дијаграми на премин на состојби и излези. Методи за минимизација на табели на премин и излези. Регистри и бројачи. Автомати со конечен број состојби. Контролна единица и податочни патеки во процесор. Основна архитектура на компјутер со меморија. Имплементации на контролна единица во процесор. Современи микропроцесорски архитектури..
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
McCluskey, E.J. |
Logic Design Principles |
Prentice-Hall Inc. |
1986 |
2 |
N. Balabanian, B. S. Carlson |
Digital Logic Design Principles |
John Wiley & Sons |
2001 |
3 |
M. Mano, C. Kime |
Logic and Computer Design Fundamentals, 4th edition, |
Prentice Hall |
2007 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
S. Brown, Z. Vranesic |
Fundamentals of Digital Logic with VHDL Design 2000 |
McGraw Hill |
2000 |