Лични алати
Пријави се

Комутација и рутирање

Предмет: Комутација и рутирање

Код: ФЕИТ10З001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: Ислушан предмет: Математика 1.

Цели на предмететната програма (компетенции) : Изучување и теоретска и практична анализа на: современи дигитални комутациски структури и системи во  телефонска мрежа, сигнализација  и сигнализациски протоколи, синхронизација, склопови за брза пакетска комутација, комутација на пакети, теорија на рутирање и рутирачки протоколи во  Интернет.

Методи на учење: Методот на учење е базиран на теоретски предавања на студентите, дополнети со тематски аудиториски и лабораториски вежби. Консултации со студентите. Изработка на семинарски работи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед во комутација. Историски развој на комутациските системи. Телефонска мрежа. Дигитални комутациски структури и системи. Сигнализација  и сигнализациски протоколи. Синхронизација. Вовед во Интернет рутирање. Комутација на пакети (L2/L3). Теорија на рутирање.  Протоколи за рутирање. Комутација во IP базирани мрежи за VoIP. Идни техники за комутација и рутирање.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Тони Јаневски

Комутација и рутирање

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

2011

2

Roger L. Freeman

Fundamentals of Telecommunications

John Wiley and Sons

2005

3

Christian Huitema

Routing in the Internet

Prentice Hall

2000