Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Компресија и пренос на мултимедиски сигнали

Компресија и пренос на мултимедиски сигнали

Предмет: Компресија и пренос на мултимедиски сигнали

Код: ФЕИТ10Л025

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: Нема.

Цели на предмететната програма (компетенции) : Студентот ќе се стекне со теоретски и практични познавања на техниките и стандардите за кодирање (компресија) на говор, музика, слика и видео, техниките на пренос на мултимедиски сигнали и методите на кодирање отпорни на грешки при преносот, и ќе биде оспособен софтверски да имплементира кодер на говор, аудио и видео сигнали и да врши нивни пренос преку телекомуникациска мрежа.

Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, проектни задачи, самостојни задачи, посета на компании и предавања од експерти од стопанството.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Компресија на податоци без загуби: Хафманово кодирање, аритметичко кодирање, техники базирани на речник (Лемпел - Зив кодирање). Униформна квантизација. Адаптивна квантизација. Диференцијално импулсно кодна модулација (ДИКМ) и адаптивна ДИКМ. Методи за кодирање на говор. Стандарди базирани на ДИКМ.  Вокодер методи базирани на анализа и синтеза. LPC кодирање. CELP и други методи за кодирање на говор. Трансформациско кодирање. Karhunen-Loeve трансформација, дискретна косинусна трансформација. Кодирање на слика, постапки и стандарди. JPEG. Кодирање на сигнали со подопсези. Алокација на бити. Кодирање на аудио сигнали. Психоакустички модел. MPEG аудио кодирање. Кодирање на видео сигнали: стандарди MPEG1, MPEG2, H261, H263. Стандарди MPEG4 Part 2, MPEG4 Part 10 (H.264/AVC) идни стандарди. Пренос на мултимедиски сигнали преку телекомуникациски мрежи. Протоколи за пренос во реално време. Заштита при преносот на видео сигнали низ медиуми склони на појава на грешки. FEC заштитно кодирање. Кодирање на изворот на информација отпорно на грешки. Скалабилно кодирање и кодирање со повеќе дескрипции. Прикривање на грешки кај приемникот.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Венцеслав Кафеџиски

“Предавања по предметот Компресија и пренос на мултимедиски сигнали”

интерна скрипта, ФЕИТ, Скопје

2011

2

 

 

 

 

3

 

 

 

 

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Khalid Sayood

“Introduction to Data Compression”, 3rd edition

Morgan Kaufmann

2006

2

Ze-Nian Lee, Mark S. Drew

“Fundamentals of Multimedia”

Prentice Hall

2004