Компјутерско водење на процеси
Предмет: Компјутерско водење на процеси
Код: ФЕИТ01Л014
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+2+1+0
Институт: Автоматика и системско инженерство
Предуслов за запишување на преметот: Нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Со следење и положување на предметот студентот ќе се запознае со управувањето на процесот со помош на компјутер, било тој да е микропроцесор, микроуправувач, PC компјутер или индустриски компјутер. Со овој предмет се продолжува со примена на теоретските знаења изучени во предметите Теорија на автоматско управување 1 и 2 и Теорија на системи. Цел на предметот е да се види поврзаноста на веќе изучената теорија со примената на управување на процесите со компјутер и тоа имајќи ги во предвид и хардверските и софтверските аспекти на проблемот. Со тоа, студентот ќе стане компетентен за проектирање и проучување на управување на процеси со компјутер, како од хардверски така и од софтверски аспект.
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Основи на компјутерско водење. Концепти на компјутерско управување. Хардверски аспекти или техничката опрема на КВП системите. Влез и излез на податоци во процесниот компјутер. Елементи на управувачко коло. Софтверски аспекти на КВП системите: Управување на процесите во реално време; Управување со употреба на интерапт; Модови на активирање на програмски блокови; Дејствување со интерапт; Компјутерско водење на сложени системи; Почетни приоди кон системска декомпозиција; Хиерархиско управување; Мултислојно управување; Повеќенивоовско управување. Линеарно дигитално управување. Дискретно состојбени КВП системи: Дво-состојбени управувачки системи; Секвенцијални системи. Примери за КВП системи: Управување со температурен процес со примена на микроуправувач; Хиерархиско управување на печка за печење на тули.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Миле Ј. Станковски, Татјана Колемишевска-Гугуловска |
“Компјутерско водење на процеси” |
ЕТФ |
2006 |
2 |
Branko Novakovic |
“Kompjutersko vodjenje procesa” |
Sveuciliste u Zagrebu |
2001 |
3 |
Karl A Astrom, Bjorn Wittenmark |
Computer-Controlled Systems: Theory and Design, Third Edition (Dover Books on Electrical Engineering) |
Dover Publications; 3. издание |
2011 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Drago Matko, S. Strmcnik, B. Zupancic, G. Music |
“Racunalnicko vodenje procesov” |
Univerza v Ljubljani, FEE |
1995 |