Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Компјутерско моделирање во електроенергетиката

Компјутерско моделирање во електроенергетиката

Предмет: Компјутерско моделирање во електроенергетиката

Код: ФЕИТ04Л026

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Положени: Основи на електроенергетика, Разводни постројки
Ислушани: Производство на електрична енергија

Цели на предмететната програма (компетенции) : Стекнување стручни знаења за анализа на состојби и процеси во електроенергетските постројки, примена на оптимизациони постапки и нумерички техники во електроенергетиката и користење на специјализиран софтвер за решавање на специфични проблеми и пресметки во електроенергетиката.

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, аудиториски вежби со решавање на практични примери, примена на специјализиран софтвер за анализи и пресметки во електроенергетиката, самостојна изработка на домашни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Однос реален објект модел. Основни барања, концепти и алгоритми за компјутерско моделирање. Модели на елементи на електроенергетските постројки. Модели на бавни динамички промени во хидроелектрани и во термоелектрани. Анализа на стационарни состојби во електроенергетските постројки – токови на моќност, загуби на моќност и енергија. Компјутерски методи за пресметка на струи на куси врски. Нумерички методи во електроенергетиката. Методи за оптимизација во енергетиката. Внатрешна оптимизација на работа на ХЕЦ. Избор на број на агрегати во погон и нивно оптоварување. Модели за определување на оптималната распределба на оптоварувње меѓу електричните централи во сложен електроенергетски систем со уважување на токовите на реактивна моќност. Статистико моделирање и симулација на процеси во електроенергетските постројки. Софтвер за моделирање МatLab/Simulink/Power System Toolbox, NEPLAN. PowerWorld симулатор, графички интерфејс, користење, примена. Моделирање на преодни процеси во електроенергетските постројки

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Атанас Илиев

Компјутерско моделирање во електроенергетиката -

скрипта за интерна употреба

ФЕИТ – Скопје

2009

2

М. Calovic, A Saric

Osnovi analize elektroenergetskih mreza i sistema

Akademska Misao

1998

3

S. Karris

Introduction to Simulink with Engineering App.

Orchard Publishing

2006

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

V. Levi, D. Bekut

Primena racunarskih metoda u elektroenergetici

STYLOS – Novi Sad

1997

2

IEEE Transaction on Power Systems

Одбрани трудови од списанието

IEEE Press – USA

1995-2011

3

P. Kundur

Power Sysтem Stability and Control

Mc Graw Hill Inc

1999