Инженерска економија
Предмет: Инженерска економија
Код: ФЕИТ09З003
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+2+0+0
Институт: Преносни електроенергетски системи
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предметната програма (компетенции) : Стекнување на знаења од основните економските принципи и законитости поврзани со пазарната економија и инженерската практика, како инвестирање во енергетски објекти, вреднување на инвестициите и поврат на вложениот капитал, сообразно со наставната програма на предметот.По завршувањето на курсот, студентите ќе бидат оспособени за проширување и продлабочување на знаењата од економијата во електроенергетиката, а пред се од дизајнирањето и функционирањето на пазарите со електрична енергија.
Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби и консултации, самостојно учење, изработка на семинарски работи и самостојни задачи
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед. Основни концепти од пазарната економија: Моделирање на потрошувачката: Индивидуална побарувачка; Бруто и нето вишок на потрошувачот; Функции на побарувачка и инверзна побарувачка; Еластичност на побарувачката. Моделирање на производството: Трошок на алтернативни можности; Функции на снабдување и инверзно снабдување; Маргинално производство, Маргинални трошоци; Приход (нето вишок) на производителот. Еластичност на снабдувањето; Пазарен еквилибриум, Pareto efficiency, Глобален оптимум и бруто загуби.Концепти од теоријата на компании: Економија на обем; Економија на скала; Влез и излез; Долгорочен и краткорочен пристап; Трошоци, Краткорочни трошоци, Долгорочни трошоци.Типови на пазари: Спот пазар; Договори за период однапред и пазари за период однапред; Договори за во иднина и пазари за во иднина. Опции; Договори за разлика; Управување со ценовни ризици; Ликвидност на пазарот; Ефикасност на пазарот.Конкуренција; Зошто е потребна конкуренцијата?; Пазари со несовршена конкуренција и Пазарна сила. Модели на несовршена конкуренција: Коурнотов модел, Бертрандов модел, Монопол. Дефиниција за мрежна енергија, со фокус на електрична енергија; Која е разликата помеѓу MWh и барел нафта?;Специфични карактеристики на електричната енергија како стока за пазар; Утврдување на цената на моќност и енергија наспроти цената на капацитетот; Локациско утврдување на цената.Регулација и дерегулација: Потреба од регулација; Позитивни и негативни последици на регулацијата. Природни монополи; Придобивки од дерегулацијата. Мрежни услуги: Регулаторни пристапи, приходи, поврат на капиталот и одредување на цените на мрежните услуги.Инвестирање во енергетски ифраструктурни објекти; Структура на трошоци; Фиксни трошоци; Променливи трошоци; Техно-економска анализа; Метода на годишни трошоци (Ануитетна метода); Метода на актуализација..
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
D.S.Kirschen, G.Strbac |
“Fundamentals of Power System Economics” |
Wiley |
2003 |
2 |
L. Philipson, H.L.Willis |
“Understanding Electric Utilities and De-Regulation” |
Marcel Dekker, Inc. |
1999 |
3 |
Р. Ачковски |
„Преносни и дистрибутивни системи“ |
учебник - ЕТФ Скопје |
1995 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
В. Борозан |
Интерни скрипти и презентации |
|
|