Лични алати
Пријави се

Интернет технологии

Предмет: Интернет технологии

Код: ФЕИТ10Л006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: Ислушан предмет: Комутација и рутирање.

Цели на предмететната програма (компетенции) : Разбирање, анализа и основна практична примена на постоечките Интернет технологии, како што се основните Интернет протоколи (IP, TCP, UDP), адресирањето, DNS, мрежното работење, основни познавања од TCP/IP и UDP/IP клиент-сервер комуникацијата, основните Интернет сервиси (WWW, FTP, електронска пошта, итн.), управувањето, сигурноста во Интернет, како и Интернет технологиите за говор преку Интернет и видео/аудио стриминг.

Методи на учење: Методот на учење е базиран на теоретски предавања на студентите, дополнети со тематски аудиториски и лабораториски вежби. Консултации со студентите. Изработка на семинарски работи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед во Интернет технологии. Интернет архитектури. Основни протоколи во Интернет (DNS, DHCP, TCP, UDP). Интернет протокол (IP). Мултиплексирање на протоколи во Интернет. Мрежно работење (TCP/IP, клиент-сервер комуникација). Рутирање и комутација на IP пакети. Интернет сервиси (e-mail, FTP, telnet, chat, итн). Web технологија (HTTP, HTML). Мултимедиска комуникација преку Интернет (streaming video & audio). Пренос преку Интернет во реално време (RTP). Пренос на говор преку IP (VoIP). Peer-to-peer мрежи за говор преку Интернет. Квалитет на сервисот во Интернет. Управување во IP мрежи (SNMP). Сигурност при Интернет комуникација (IPsec итн). Интеграција на IP и класичните телекомуникации.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Тони Јаневски

Интернет технологии

Интерна скрипта на ФЕИТ

2007

2

Douglas E. Comer

Internetworking with TCP/IP, Vol.1: Principles, Protocols and Architecture

Prentice Hall

2000

3

Jon Crowcroft, Mark Handley, Ian Wakeman

Internetworking multimedia

Morgan Kaufmann

1999