Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Енергетска ефикасност и околина

Енергетска ефикасност и околина

Предмет: Енергетска ефикасност и околина

Код: ФЕИТ04З019

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Основи на електроенергетика

Цели на предмететната програма (компетенции) : Влијание на енергетските постројки за производство на електрична енергија врз човековата и животна средина.Изучување на методологии за пресметка на штетните влијанија од цврсти, течни и гасни продукти,начини за нивно редуцирање, и ефикасни енергетски методи. Евалуација на еколошките влијанија одпроизводни енергетски капацитети

Методи на учење: Предавања и вежби предвидени за предметот и дополнителна литература.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Енергетски ефикасни мерки за заштеда на енергија, ефикасни електрични уреди и светилки. Влијание на производството на електрична енергија од различни технологии врз животната средина. Атмосферски и геолошки состав. Типови фосилни горива и нивни состав. Ефекти од работата на ТЕЦ на фосилни горива врз околината. Тврд отпад (пепел) и емисија на гасови (азотни, сулфурни и јаглеродни оксиди). Ефектот на стаклена градина и значењето на озонскиот слој за животот на земјата. Технологии и ланци за производство на електрична енергија. Технологии за смалување на емисија на гасови кај ТЕЦ на фосилни горива и нивна економска евалуација за целата постројка. Проценка на економските потреби за екстерни трошоци. Симулација на работата на разни врсти технологии на производство на електрична енергија врз околината. Влијание на работата на нуклеарна централа врз животната средина. Класификација на радиоактивен отпад и начини за нивно решавање. Ефекти од градба на хидроелектрични централи врз животната средина и евалуација на ефектите од нарушување на био циклусот на локално и глобално ниво. Одржлив развој на енергетиката. Квантификација на ризикот врз околината од работа на електроенергетски објекти.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

H. Pozar

Osnovi energetike 1 i 2

Skolska knjiga

1990

2

.Feretic, Tomsic  dr;

 

Elektrane i okolis

 

Skolska knjiga

2000

3

C.C.Lee, Shun Dar Lin

Handbook of Environmental Engineering Calculations

McGraw Hill

1999

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gilbert M. Masters

Renewable and Efficient Electric Power Systems

John Wiley & Sons

2004