Лични алати
Пријави се

Електроника 2

Предмет: Електроника 2

Код: ФЕИТ05Л007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на преметот:

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со интерната структура на логичките кола и елементарните импулсни и дигитални кола.  Оспособување за  анализа и дизајн на импулсни и дигитални кола.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед. Параметри на реалните логички кола. Основни карактеристики на фамилиите на логички кола (RTL, DTL, TTL, ECL, CMOS). Логички кола во биполарна технологија: TTL кола (отворен колектор, жичано-или, три-состојбена логика) и ECL кола (поврзување помеѓу ТТL и ECL).  Логички кола во униполарна технологија (Gate Logic): CMOS и NMOS логички порти. Операциски засилувачи во импулсен режим. Шмитов тригер. Флипфлопови (асинхрони флипфлопови со статички и динамички влезови; синхрони, импулснопрефрлани и рабнопрефрлани флипфлопови). Бистабилни, моностабилни и астабилни мултивибратори. Тајмери. Фиксатори. Детектори на врвна вредност. Генератори на пилест напон. Дизајнирање на функциски генератор.

Литература:

Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. Камиловски

Електроника 2

УКИМ

2005

2

D.Zhivkovic, M. Popovic

Impulsna i digitalna elektronika

Akademska misao,ETF,Beograd

2000

3

 

 

 

 

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. Hribsek, M. Popovic

Zbornik resenih zadataka iz impulsne i digitalne elektronike, I i II deo

Naucna knjiga, Beograd

2000

2

Adel S. Sedra , Kenneth C. Smith

Microelectronics Circuits

Oxford University Press

2004