Лични алати
Пријави се

Електроника 1

Предмет: Електроника 1

Код: ФЕИТ053005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на преметот:

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со принципите на работа на електронските елементи.  Запознавање со принципите на работа на линеарните  електронските склопови.Оспособување на кандидатот за следење и решавање на проблемите во електрониката,  компјутерското инженерство, автоматиката и телекомуникациите со помош на реални електронски кола.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Основни поими. Засилувачи: основни параметри, видови, идеални засилувачи. Операциски засилувач: симбол; модел; основни примени на операциски засилувач во линеарен режим на работа. Идеална диода: модел, основни примени. Реална диода: i-v карактеристика, карактеристики на директна и инверзна поларизација, примена. Подрачје на пробив и Зенер диоди. Методи за анализа на кола со диоди: аналитичка, графичка, итеративна. Сегментно-линеарни модели. Модел за мали сигнали. Ограничувачи на напон. Насочувачи: полубранов, целобранов и мостен насочувач. Насочувачи со капацитивен филтер, фактор на брановитост, каскаден умножувач на напон. Полупроводници, ПН спој, капацитивности на пн-спој. Биполарен транзистор: структура, Еберс-Моллов модел, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел. МОСФЕТ: NMOS и PMOS со индуциран и вграден канал, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел.  Засилувачи со транзистори и MOSFET-и: графичка анализа, модел за мали сигнали, алгоритам за анализа на засилувачи. Фреквенциска зависност на засилувањето на засилувачот. Засилувач на високи фреквенции. Засилувач со повратна врска. Стабилност на засилувач со повратна врска. Синусоидни осцилатори. Стабилизатори на еднонасочен напон за напојување.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. Камиловски

Електроника1, електронски елементи

УКИМ

2011

2

M. Камиловски

Електроника 2

ФЕИТ

2002

3

 

 

 

 

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Adel S. Sedra and Kenneth C. Smith

Microelectronic Circuits, 6-th edition

Oxford University Press

2009