Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Електромеханички уреди и системи

Електромеханички уреди и системи

Предмет: Електромеханички уреди и системи

Код: ФЕИТ023016

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електрични машини, трансформатори и апарати

Предуслов за запишување на преметот: Електротехника 1 и Електротехника 2

Цели на предмететната програма (компетенции) : Предметот претставува основен курс за проучување на електромеханичките уреди (електричните машини) и нивните системи за напојвуање и регулација со посебен осврт на нивната експериментална анализа. Студентот стекнува основни и проширени знаења за спецификите, конструктивната изведба и принципот на работа на поодделните електромеханички уреди, анчинот на нивно напојување и регулација со помош на енергетски преобразувачи како и за можностите за нивната примена. Студентот е оспособен за анализа на одредени електромеханички уреди (електрични машини), како и за нивно поврзување и имплементација во современите автоматизирани индустриски процеси во индустријата и стопанските објекти

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, лабораториски вежби, самостојна изработка на семинарска работа, учење со електронско опкружување.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Принципи на електромеханичко преобразување на енергијата; Видови на еднонасочни мотори, конструктивна изведба и принцип на работа; Работни карактеристики на еднонасочните мотори; Современи начини на напојување и регулација на брзината, како и начини на пуштање во работа и кочење со помош на исправувачи; Видови на асинхрони мотори и нивна конструктивна изведба и принцип на работа; Работни карактеристики на асинхроните мотори; Современи начини на напојување и регулација на брзината, како и начини на пуштање во работа и кочење со помош на инвертори; Видови на синхрони мотори и нивна конструктивна изведба и принцип на работа; Работни карактеристики на синхроните (со еднонасочна возбуда и со перманентни магнети) мотори; Современи начини на напојување и регулација на брзината, како и начини на пуштање во работа и кочење со помош на инвертори на моторите со еднонасочна возбуда и со перманентни магнети; Видови на чекорни мотори, конструктивна изведба, принцип на работа, карактеристики и начин на напојување и рагулација на брзината; Еднополни електрични шеми на приказ на електричните мотори и нивните пропратни елементи.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Гога Цветковски

Електромеханички уреди и системи (интерна скрипта)

ФЕИТ, Скопје

2011

2

Гога Цветковски

Лабораториски практикум (интерна скрипта)

ФЕИТ, Скопје

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Richard Crowder

Electric Drives and Electromechanical Systems

Newnes

2006

2

A. E. Fitzgerald

Charles Kinglsey

Stephen Umans

Electric Machinery

McGraw Hill

2003