Електроакустика
Предмет: Електроакустика
Код: ФЕИТ053015
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот:
Цели на предмететната програма (компетенции) : Теоретските основи за формирање, зрачење и простирање на звучните бранови во отворен и затворен простор. Разбирање на физиолошките механизми за продукција и перцепција на звукот и на психоакустиката. Моделирање на сложени акустички системи. Анализа на електроакустичките преобразувачи и нивна примена во зачувување и репродукција на аудио информации. Проектирање и изведба на системи за озвучување во отворен и затворен простор, заштита од несакан звук, презервација и едитирање на аудио.
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Формирање и простирање на звучни бранови. Технички карактеристики на звукот. Зрачење на звучни бранови. Електроакустички и електромеханички аналогии. Звучни бранови во затворен простор. Физиолошка и психолошка акустика. Говор и музика. Електроакустички преобразувачи. Микрофони. Звучници. Електроакустички системи. Презервација на звук. Магнетно снимање на звук. Оптичко снимање на звук.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Хуснија Куртовиќ |
Основи техничке акустике |
Београд |
1992 |
2 |
Leo Beranek |
Acoustics |
University of Missouri-Rolla |
1992 |